2win800x200

Директорот на ОУ Ѓорѓи Сугарев да ја санкционира наставничката која снима партиски клипчиња дури е на работа, бара СДСМ

Ноември 08, 2023
Скриншот од видео објавено на фб профилот на СДСМ Битола Скриншот од видео објавено на фб профилот на СДСМ Битола

Прес конференција на СДСМ

Да ѝ помогнеме на наставничкава од ОУ Ѓорѓи Сугарев да ја стекне славата што ѝ ја вети ДПМНЕ!

 
Пред да сними клипче за својата партија во училницата, дури во позадина се слуша џагор на учениците, наставничкава требало да знае дека согласно член 9 од Законот за основно образование, во основното училиште се забранува партиско и верско организирање и дејствување, како и истакнување на партиски и верски обележја!
 
Важно е наставничкава да знае дека овој прекршок согласно член 170 од Законот за основно образование ќе го чини директорот на училиштето глоба во износ од 401 до 500 евра во денарска противвредност. 
 
Го повикуваме директорот на ОУ Ѓорѓи Сугарев веднаш да преземе мерки и да ја санкционира наставничката која наместо да мисли на воспитно-образовниот процес, на децата и на угледот на звањето наставник, мисли на партијата и снима партиски клипчиња дури е на работа. 
 
Ги повикуваме надлежните институции да постапат согласно своите надлежности и да утврдат одговорност за наставничката.
 
Важно е ДПМНЕ конечно да научи дека партијата не е над сѐ. Училишта, институции, министерства...заробени од ДПМНЕ се изнагледавме во минатото. И затоа важно е никогаш повеќе ДПМНЕ!
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани