Интегрален текст од соопштението на СДСМ Битола
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, директори на Јавни претпријатија, советници во Советот на Општина Битола и уште дузина општински функционери, платени со парите на битолчани, денес, сред работно време, ги напуштија своите работни места за да го пречекаат партискиот лидер. Нѐ потсетија уште еднаш како изгледа заробена држава кога ДПМНЕ е на власт и нема ништо поважно од партискиот лидер и обврските кон партијата!
Лидерот, пак, упорно “се филма” дека некогаш ќе стане премиер на Македонија. И тогаш ќе му помогнел на градоначалникот да изгради барем нешто од проектите ветени пред две години! Коњановски за две години потроши над 60 милиони евра, ама и тоа малку му е, па ќе почека други времиња да почне да работи. Од ова, нема поголемо признание за неспособноста на Коњановски!
За незаконското работење, пак, на битолскиот градоначалник, разбра не само цела Македонија, туку и Делагацијата на Европската унија. Коњановски ја усрами Битола пред европјаните, заедно со секретарот на општината извршија кривично дело и ги доведоа во прашање парите што Битола треба да ги добие. Во Советот на Општина Битола, против незаконските постапки на Коњановски и Димитровски не е само СДСМ, туку и ДОМ, и ДУИ, и Левица, и Поинаку.
Коњановски е единствениот градоначалник во Македонија на кој му се одземени ингеренции не само во некои училишта, туку и во градинки. Не му е чудно на Мицкоски што само на Коњановски му се случува тоа, а не и на градоначалниците од ДПМНЕ во Аеродром, Прилеп или Охрид? Или и за тоа Коњановски се правда дека "го мрази учителката”?
Мицкоски во следна прилика нека прошета до Берово или Пехчево. Таму му се хридроцентралите за кои има 23 години концесија за користење. Единствениот професор во Македонија кој изградил хидроцентрали од плата нека не губи време во Битола. Коњановски, Димитровски и останатите негови кадри во јавните претпријатија, му го гарантираат поразот на ДПМНЕ во Битола на следните избори.