Интегрален текст од соопштение на СДСМ-Битола
Дали директорот на Водовод и лидер на ДПМНЕ Битола, Пеце Милевски, цел ден ја лаже битолската јавност за причината заради која пола град нема вода за пиење?
Стручни лица од Водовод тврдат дека за дефектот не е виновна приватната фирма со која Милевски се обидува да се "испере" од одговорност!
Дали заради нестручно ракување при отстранување на дефект на друго место, нестручно бил затворен централниот цевковод што предизвикало хидрауличен удар и пукање на цевководот?
Дали Милевски ќе понесе конечно одговорност за својата неспособност или ќе најде нов виновник за состојбата?
Дали Милевски конечно ќе признае дека на раководни места во Водовод постави несоодветни лица, кои, исто како него, не можат да ја организираат работата и од еден обичен дефект направија хаварија?
Дали Милевски и Коњановски ќе понесат одговорност што ја оставија пола Битола и соседните општини Новаци и Могила без вода?
Кој ќе одговара за штетата по имотот на Водовод и за штетата што ја трпат граѓаните?
Дали Милевски конечно ќе собере храброст и ќе си поднесе оставка на функцијата директор на Водовод?
Дали Коњановски конечно ќе собере храброст и ќе го разреши Милевски од функцијата директор на Водовод?
Со секој поминат ден со Коњановски и ДПМНЕ на власт, Битола се соочува со катастрофа!