Важно е да се обединиме за сите жени! Важно е да кренеме глас против насилството врз жените и девојчињата и да го вклучиме "портокаловиот аларм" 365 дена во годината, порачаа од Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ од денешниот марш во Битола
-Љубовта не смее да остава болни траги по телото и душата. Љубовта не смее да биде изговор, таа треба да нѐ издигне, како што секоја жена или девојче жртва на семејно насилство ќе се издигне како феникс од токсичните и насилни врски, со поддршка на секој еден од нас, како поединци, институции, општество!!!
Денес од Битола 8-от ден од кампањата Активизам против насилство врз жените и девојчињата УЖ ВМРО ДПМНЕ Битола , заедно со Униите на жени на ВМРО-ДПМНЕ Демир Хисар, Ресен, Новаци, Могила и пратеничките Силвана Ангелевска и Олга Лозановскa , член на ИК на УЖ Виолета Ковачевиќ и подсекретар на УЖ за Битола Ленче Нечовски испративме порака "ВажноЕ сите заедно да кажеме СТОП ЗА НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ И ДЕВОЈЧИЊАТА", соопштија од Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ
Поддршката им дадоа градоначалниците Тони Коњановски, Стевче Стевановски, Драганчо Саботковски и претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ-Битола Пеце Милевски и претседстелот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Новаци Илче Трајковски