За Денот на рударите РЕК со донации, изложби, пофалници и меморандуми за соработка

Август 24, 2018

АД Електрани на Македонија ќе го одбележи Денот на рударите – 28 август со редица настани, од кои дел ќе бидат и во Подружницата РЕК Битола и во Битола.

В понеделник, на 27 август во 11 часот, во просториите на АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола ќе бидат потпишани Меморандуми за соработка со СОУ Таки Даскало и СОУТ Ѓорѓи Наумов од страна на директорите на училиштата и генералниот директор на АД ЕЛЕМ, д-р Драган Миновски, како и Меморандуми за соработка на АД Електрани на Македонија со Техничкиот факултет Битола и Факултетот за информатички и комуникациски технологии.

 

Истиот ден, 27 август, во 12 часот, во Фоајето на НУ Центар за култура во Битола ќе биде отворена изложба на текстови и фотографии на “Битолски весник” за почетоците со работа на РЕК Битола, со акцент на Блок 3 кој започнал со работа на 28 август 1988 година, односно годинава се одбележуваат 30 години од почетокот на неговата работа.

Централната прослава на Денот на рударите ќе се одржи на 29 август, среда, со почеток во 12 часот, на платото пред управната зграда на ПЕ Рудници, кога ќе бидат доделени и Пофалници на вработени во АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола за особен придонес во работењето на комбинатот во периодот од 28 август минатата година до денес.

На 30 август, четврток, во 11 часот, во просториите на Управната зграда на АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола, директорот Васко Ковачевски ќе потпише Меморандуми за соработка со општините Битола, Новаци и Могила.

Серијата настани по повод Денот на рударите, на АД ЕЛЕМ во Подружницата РЕК Битола и во Битола, ќе биде заокружена в петок, на 31 август . Во соработка со Одделението за трансфузиологија при Клиничката болница во Битола и ОО на Црвен крст Битола, од 07:30 часот до 12 часот, во Управната зграда на АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола, ќе биде реализирана крводарителска акција. Во 10 часот, Синдикалната организација на АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола ќе донира парична помош за Здружението за телесни инвалиди Мобилност, во просториите на здружението во Центарот за социјална работа Битола. Во 11 часот Синдикалната организација при АД ЕЛЕМ ќе донира инхалатори во Детското одделение при Клиничката болница во Битола, а во 12 часот ФОД ќе ја промовира донацијата во Спортската сала Младост во Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани