2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Каде потроши Коњановски над 80 милиони евра за две и пол години, прашуваат од СДСМ

Март 08, 2024

 

Интегрален текст од прес конференција на Мирјана Захариевска  Ралевска, советник од СДСМ

Каде потроши Коњановски над 80 милиони евра за две и пол години? 

 
Како јавните претпријатија заглавија во милионски долгови? 
 
Битолачни ќе ги добијат одговорите порано или подоцна! 
 
Градоначалникот и екипата нема да се спасат ниту за проектот Smart4you2! 
 
Сите злоупотреби што ги прават Коњановски и дел од ДПМНЕ во Битола ќе се заташкаа ако Советот на Општина Битола се распуштеше! Согласно член 77 од Законот за локална самоуправа до изборот на нов Совет, работите на Советот ги врши градоначалникот на општината. Не е тешко да се претпостави дека првата одлука што ќе ја донесе Коњановски во таа ситуација, е онаа за проектот Smart4you2 за да се ослободи од кривичната одговорност. А, потоа би следувала уште побезобразна пљачка од оваа што сега ја гледаме. 
 
Вонредни локални избори само дополнително ќе ги закочат исплатите во градинки, училишта, спортски клубови, културни здруженија.... Ама, на Коњановски и на дел од ДПМНЕ толку им жежи под нозете што се подготвени да го запалат цел јорган заради една болва. 
 
СДСМ нема да дозволи амнестија на злоупотребите во Општина Битола и ќе ги искористи сите законски механизми да ги обелодени неправилностите во работата на Коњановски и екипата!
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани