АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески заедно со раководителот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион Гого Видимче и градоначалничката на Могила Јасмина Гулевска направија увид на изведбените работи за уредување на коритото на река Шемница во Могила.
Во тек е четвртата фаза од проектот за регулација и уредување на речното корито на Шемница во должина од еден километар и 200 метри. Откако ќе се заврши со оваа фаза ќе се почне со поставување на електрификација и урбана опрема, а доколку дозволат временските услови уредувањето на речното корито на река Шемница во општина Могила ќе биде завршено оваа градежна сезона, рече градоначалничката Јасмина Гулевска. За оваа фаза предвидени се над 2,7 милиони денари.
Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој во континуитет дава поддршка на развојот на Пелагонсискиот регион. Раководителот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион Видимче рече дека само годинава потпишале договори во износ од над 23 милиони денари, а заменик министерот Павлески рече дека овие средства во следниот еприод ќе се зголемуваат.
„Покрај изградбата на речното корито на Шемница во опшрина Могила во тек е и реконструкција на општински пат во општина Кривогаштани во должина од 450 метри. Веќе е склучен договор за набавка и ставање во функција на две комунални возила за собирање отпад за општините Крушево и Демир Хисар со нивните населени места, едно противпожарно возило за потребите на Територијалната противпожана единица од Прилеп, како и противпожарна опрема за единиците во Битола, Прилеп и Ресен вклучувајќи 16 професионални дишни апарати, 55 професионални комбинезони за пожар со ракавици и чизми , 10 противпожаени интервентни одела со шлем, ракавици јакна, панталони и друга опрема“, рече Видимче.