АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во должина од 2700 метри се чисти коритотот на реката Шемница по течението во атарот на селото Црнобуки. Работите ги изведува водостопанското претпријатие „Битолско Поле“, по договорот склучен со Општина Битола, за темелно отстранување на дрвјата, корењата и отпадот во овој дел кој не бил исчистен повеќе од 25 години.
Паралелно со овој зафат, на терен се санираат ударните дупки на локалниот пат до селото и улиците во селото, од страна на екипите на КЈП „Нискоградба“ со топла асфалтна маса, на површина од над 120 метри квадратни, информираат од Општина Битола.
Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, го посети селото Црнобуки, а жителите посочија дека чистењето на речното корито е од исклучително значење со што се избегнува опасноста од поплави и излевање на водата. Посочија дека со санацијата на патот, исто така им се олеснува секојдневното движење.
Градоначалничката посебно го потенцираше позитивниот ангажман на локалното население, кое самоиницијативно презема низа активности за подобрување на условите во селото, а општината им излегува во пресрет за дополнување на нивните барања.