АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со цел обезбедување на услови за спортско рекреативни активности на локалното население од село Долно Агларци посебно на младата популација, Општина Новаци изгради мултифункционално игралиште.Средства се обезбедени со грант од Светска банка и буџет на општина Новаци.
„Целта е посебно внимание да се посвети кон подобрување на условите на младите да можат во своето место на живеење да ги остварат своите спортско рекреативни активности“, велат од Општина Новаци.
Жителите на Горно Агларци пак, добија простор за одмор и рекреација партерно уреден. Средствата се обезбедени во договорот со Министерството за животна средина и просторно планирање од надоместокот за фосилни горива во износ од 408.000 денари.
„Во дослух со граѓаните, одговорајќи на нивните потреби и барања општината ги креира нејзините приоритети согласно со можностите“, велат од Општина Новаци.