2win800x200

„Младите во фокусот на образованието: кои се политиките и пристапите” -панел дискусија на МКЦ Битола

Октомври 25, 2018

Младинскиот културен центар – Битола и Фондацијата за претприемачки сервис за млади, во рамките на проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младински политики” денеска организраа  панел дискусија во Битола на која учесниците имаа можност да се запознаат со претстојните политики во образованието и процесите кои се водат.

  Во рамките на панел дискусијата „Младите во фокусот на образованието: кои се политиките и пристапите”   се дискутираши и за стратегиите и правната рамка за образованието во Македонија, спроведувањето на нови и тековни политики во сите степени на образованието, учество на учениците и студентите во образовните институции, квалитетот на образованието кое се добива, инфраструктура и други поврзани прашања кои го ставаат младиот човек во центарот на образовниот процес.

-Се радувам што МКЦ Битола заедно со своите партнери ќе даде полн придонес кон актуелизирање на младинските прашања и сите проблеми со кои се соочуваат младите,  за да во иднина похрабро влеземе во нивно решавање, рее Сашо Доодвски, директор на МКЦ

До крајот на годината ќе се одржат уште две панел дискусии во рамките на проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младински политики„ кој е финансиран од ЕУ.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани