АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Студентските парламенти останати како реликвија на минатиот систем не само што не ја исполнуваат целта за која постојат туку и упатуваат на погрешна слика за тоа што претставува студентското организирање и вклучување на студентите. Ова меѓудругото беше истакнато на консултациите за студентско организирање што се одржаа на Правниот факултет во Битола во присуство на повеќемина студенти, младински и образовани организации.
-Студентската организација на еден факултет е важна зашто постојат механизми кои секаде во Европа се развиени за вклучување на студентите во текот на нивното студирање, а она што се случува кај нас е остаток од поранешниот политички систам на организирање во студентски парламенти. Сметам дека е време да се разгледаат сите тие работи и да се адаптираат на современите услови со кои се соочуваме денес- рече Никола Петровски од Националниот младински сојуз на Македонија.
Студентски консултации планирано е да се одржат низ универзитетските градови во земјава. Ќе се создаде документ со препораки за унапредување на студентските организации кој ќе се презентира пред Министерството за образование пред креирањето на новиот Закон за високо образование. Студентите искритикуваа дека постоечкиот Закон за високо образование недоволно прецизно го уредува студентското организирање, па како последица има претставнички тела достапни само до одредени “елити”, нетранспарентни, неодговорни, кои застапуваат само свои потесни интереси.
-Генерално на дел од универзитетите ни посочија студентите дека не знаат дека постои Студенстки парламент и не знаат како функционира. На УКИМ е сосема поинаква приказната. Студентите знат дека постои Студентски парламент. Но, тој во изминатата година реши да распиши избори кога академската година беше завршена. Не поднесува финансиски извештаи. Студентите на универзитетот „Гоце Делчев“ плаќаат за студентски правобранител, а не постои студентски парвобранител во последните десет години- вели Александра Филипова од Младинскиот образован форум.
Новите студенски тела во иднина ќе треба да бидат далеку потранспарентни од досегашните, додаваат студентите.
-Постои ниска информираност, односно Студентските параламенти не се транспарентни во својата работа. Кога некој заинтересиран студент ќе сака да им се приклучи, да го реформира тоа што тие го прават, ќе сака да види финансиски извештај, ќе сака да се кандидира за избори, не може тоа да го направи бидејќи се она што го прават Студентските парламенти до сега не е достапно за пошироката јавност- додава Филипова.