АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Судската, извршната и законоданвата власт треба да се корегираат во своето однесување, да не носат закони на брзина, кои по кратко време треба да се менуваат, амандманската расправа станува многу покомплицирана, обезбедување на мнозинство итн, сето зборува за еден проблем во Македонија, кој и понатаму ќе биде оценуван од страна на Европската комисија со негативни поени, рече Маргарита Цаца Николовска, поранешен судија во Судот за човекови права во Стразбур при денешната обука на студентите од Прваниот факултет во Битола.
Таа порача дека законите треба да бидат јасни, конкретни, ефективни базирани врз националната и меѓународната легислатива. За земјава, рече, дека по број на жители е меѓу државите кои имаат голем број предмети пред Европскиот суд за човекови права. Има премети од секој вид повреди, за слобода на изразување, вероиповед, проблематични притвори, торутура...Има многу кои се отфрлени, но проблемот е во тоа што се повторуваат повреди за кои веќе Европскиот суд утврдил дека постојат .
„Проблемот е во тоа што оние предмети кои се прифатени каде што е утврдена повреда на одредени човекови права не е мала. Тоа се премети кои во најголем дел се однесуваат на процедурални проблеми, што од една страна покажува дека нешто фали во системот каде што се обезбедува заштита на човековите права, дека правата предвидени во законите и во уставот не се доволни, туку треба ефективно тие права да се остравуваат и да се заштитуваат“, рече Николовска.
Обуката за човекови права е наменета за студентите од Прваниот факултет во Битола во рамки на проект поддржан од Франкофонската универизтетска агенција. Студентите од овој факултет минатиот месец постигнаа видни успеси на натпревар во Вршац каде се симулираа процеси пред Судот за човекови права. Го освоија четвртото место, но ја добија и наградата за најдобар писмен поднесок на апликантот.
„Битолскиот универзитет веќе е две години член на Универзитетската франкофонска асоцијација која за Централна и Источна Европа има седиште во Букурешт. Учествуваме во многу активности. И во текот на другите денови ќе следат и други експерти во овој домен. Завршуваме со предвањето на Себастијан Ботхо Бонатер бивш аташе за соработка во Француската амбасада, а во моментов е експерт за се што значи европски прашата и интегрирање при премиерот на Албанија“, рече Калиопа Стилиновиќ Кривашија, француски конзул во Битола.
Студентите имаа и 30 подготвителни часа за изучување на францускиот јазик.
„Ова е посолен пробив кон меѓународните води, студените се изложени на обуки кои во стандардниот курикулум ги нема, а се многу апликативни“, рече ректорот на Униваерзитетот Сашо Корувновски.
Ж.З.