2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Кирацовски ќе предложи Закон да не застаруваат кривичните дела сторени од функционери

Ноември 14, 2019

Пратеникот на Социјалдемократскиот Сојуз од Битола, Александар Кирацовски, ќе поднесе Предлог закон со кој кривичните дела извршени од избрани и именувани функционери нема да застаруваат, напиша тој на својот фб профил.

„Спасувањето на Никола Груевски од кривичен прогон во случајот ‘Траекторија’ е ситуација која не смее да се дозволи и да се испушти од вид, туку треба да се предвиди и превенира, особено ако се има во вид крајно корумпираното судство (со чесни исклучоци), подготвено да биде на услуга на екс политичкиот кадровик во судскиот систем.

Бегството во Унгарија и застарувањето на ова дело, (Траекторија), поради истекување на рокот од шест години, без правосилна пресуда, од јавноста се прочитани како спас на симболот на криминогеното политичко подземје за време на неговото владеење, Никола Груевски, луксуз кој не смееме да си го дозволиме ни сега ниту во иднина“, напиша Кирацовски.

Тој најави дека ќе побара поддршка од сите 120 колеги пратеници да се приклучат кон ова законско решение и заедно во најбрз можен рок истото да биде изгласано и применето во позитивните законски прописи во државата.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани