2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

МКЦ ги додели Златните сертификати за волонтерство

Декември 05, 2019

Младинскиот културен центар од Битола по повод петти декември Меѓународниот ден на волонтерите, додели два златни сертификата за волонтерство и тоа на Граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ и на Ротари клубот Битола Широк Сокак.

 

Од МКЦ велат дека активистите на „Не биди ѓубре“ ја подигнаа свеста за почиста околина. Во услови кога се чини дека на никому не му е гајле за животната средина, во Скопје се случува токму спротивното, граѓанската иницијатива покажа на дело дека и тoa како се грижат за околината околу нив. Изминативе две години акцијата ги мобилизира граѓаните самите да го исчистат сметот од улиците и јавниот простор, почна во Скопје и брзо се прошири и во другите градови низ земјава.

,,Не биди ѓубре“ успева да мотивира многу граѓани волонтери, но сепак организаторите очекуваат акција, а не само декларативна поддршка од локалните самоуправи и комуналните претпријатија, бидејќи тоа, во крајна линија е нивна обврска.

Деновиве акцијата оди чекор понатаму, на 14-ти декември над 40.000 вработени во јавната администрација, заедно со граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ ќе исчистат локации во Скопје и во други градови во земјава. Нека ова биде пример како едно мало јадро на граѓани може да направи и тоа каква промена и воедно да го размрда и населението и институциите.

 

Другиот Златен сертификат за волонтерство за 2019 година се додели на Ротари клубот Битола Широк Сокак за волонтерската акција „Да засадиме иднина – 50.000 садници за Битола“. Акцијата која се реализираше во месец ноември успеа да мобилизира над 700 граѓани од Битола, како и претставници од бизнис секторот, локалната самоуправа и локалните јавни претпријатија, невладини организации, училишта, јавни установи и други субјекти. 50.000 садници беа посадени на површина од 30 хектари од неуморните волонтери на локацијата Бел Камен с. Ротино во близина на Битола, со што се даде огромен придонес за обновување на белите дробови на градот и намалување на последиците од аерозагадувањето.

Акцијата продолжува напролет во 2020 година со засадување на нови 50.000 садници.

 

Љубовта и одговорноста кон Битола ни беше мотив за реализација на оваа акција“ – велат од Ротари клубот Битола Широк Сокак

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани