АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Кандидатот за пратеник од листата на СДСМ и коалицијата “Можеме” за изборната единица 5, Бисера Костадиновска-Стојчевска на Јавното претпријатие ,,Пазари" во Битола му донираше заштитни маски, кои според Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство, а регулирано со Уредба на Владата на Република Северна Македонија, се едни од фундаменталните превентивни мерки во борбата со коронавирусот. Хуманитарниот пакет од 500 маски го прими директорот на ЈП Пазари Владе Атанасовски.