АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битола е важен град за Русите зашто оттука започнала руската дипломатија на Балканот, рече рускиот амбасадор Олег Шчербак при денешната посета на Општина Битола.
„За Русите, Битола е многу важно место зашто оттука во 1860 година кога беше основано руското дипломатско преставништво, почна руската дипломатија на Балканот. Важна ни е Битола и зашто во Првата светска војна илјадници руски војници ги дадоа своите животи во Битолско. Исто е важжна како место каде беа дојдени илјадници руски доселеници кои беа принудени да ја напуштат својата татковина по револуцијата во 1917 година, а имаа многу топол прием од страна на Македонците. Русите кои беа дојдени во Битола, со својот труд, со својата вредна работа му се заблагодарија за топлиот прием. Руските архитекти, инженери, наставници, лекари многу придонесоа за развој на Битола во 20 и 30 години од 20 век“, рече Шчербак.
Тој додаде дека Русија е подготвена за развој на односите меѓу нашите две земји толку широко и длабоко колку што е подготвена самата Македонија.
Градоначалничката Наташа Петровска рече дека на заедничката средба со амбасадорот заборувале за перспективите и можностите за идна соработка.
„Постои добра волја за Русија да даде поддршка на Битола. Тоа е потврда на се што почнало во минатото и ги поврзува Русија и Македонија од дамнина“, рече Петровска.