АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Нема ништо поважно од нашите деца, внуци, од нашата младина. Како локална самоуправа предводена од СДСМ и коалиционите партнери, во иднина мора да го дадеме својот максимум младоста да ни остане во Битола, вети Наташа Петровска, кандидат за градоначалник од СДСМ.
-Ќе дадеме поддршка максимална на сите инвеститори, без разлика дали се домашни или странски, за да имаат младите вработувања во нашиот град и егзистенција во нашиот град. Предност при вработувања во јавните претпријатија ќе имаат најдобрите средношколци и студенти. Ќе ги зголемиме спортско –рекреативните центри, ќе ги оплемениме месните заедници во кои ќе имаме простор за младински активизам. Ќе обезбедиме бесплатни влезници за културни настани за првенци во генерацијата и децата со посебни потреби – рече Петровска.
Битола во изминатиот период беше погодена од голем иселенички бран, пред се на млади кои соочени со безработница заминаа во странство.