АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Порибувањето се реализираше со неколку илјади единки од видот крап со просечна маса од 50-800 грама согласно Риболовната основа, договорот за концесија и одобрениот Годишен план за 2022 година. Локација на порибувањето беше во близина на браната "Стрежево" и Шахтниот преливник на акумулацијата “Стрежево”.
Вработените од ЈП "Стрежево" - Битола го одбележувaa Светскиот ден на чистењето со акција за чистење на акумулацијата Стрежево, која обезбедува вода за пиење и технолошка вода на општините Битола, Новаци и Могила. Акцијата се спроведе во соработка со Здружението „Go Green“.
Од утре, 11 јуни, четврток, ќе се врши санација на пристапните патишта до акумулацијата „Стрежево“. Ќе се санира главниот пристапен пат (од информативната табла на спојот со локалниот пат Лера - Доленци до почетокот на рекреативната зона Акумулација „Стрежево“) и помошниот пристапен пат (од вливот на река Шемница во акумулацијата „Стрежево“, патот пред мостот во селото Лера кој продолжува низводно од мостот кон акумулациониот простор во насока на внатрешната линија на крајбрежниот појас).
Санацијата ќе се врши со сопствена механизација, а во соработка со локалното население и рекреативните риболовци (членови на ЗРСК РИБАР 2011 и членови на ЗРРЕСК Црна Река - 1929 од Битола). ЈП “ Стрежево “ - Битола, апелира на трпеливост и внимателно возење од страна на граѓаните.