2win800x200

Порибување на акумулацијата „Стрежево” со подмладок од крап

Јуни 17, 2022

Порибувањето се реализираше со неколку илјади единки од видот крап со просечна маса од 50-800 грама согласно Риболовната основа, договорот за концесија и одобрениот Годишен план за 2022 година. Локација на порибувањето беше во близина на браната "Стрежево" и Шахтниот преливник на акумулацијата “Стрежево”.

„Чинот на порибување подразбира набавка на специфициран порибителен материјал, негов транспорт во адекватни контролирани услови од репроцентарот до предвидената локација и безбедно испуштање во риболовната вода. На денешниот настан присуствуваа сите релевантни субјекти кои успешно се координираа и се грижеа за регуларноста на порибувањето, како и претставници на медиумите, риболовните здруженија и граѓани. Стрежево повторно ја потврди својата заложба, одговорност и грижа за заштитата и одржувањето на животната средина. Континуитетот на вложувањата во зачувувањето, управувањето, заштитата и обновувањето на рибниот фонд несомнено директно имплицираат врз подобрувањето на условите за вршење на риболов за сите риболовци“, соопштија од ЈП „Стрежево“. 
286450085 1140537613183080 3354374928159389979 n
286304085 1140538226516352 366296063362327700 n
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани