АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
79 годишнината од одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола 4 Ноември донесе низа активности во текот на денешниот ден. Традиционално, се одржа крводарителска акција во општина Битола, на која вработените и граѓаните даруваа од најдрагоцената течност, која спасува човечки животи. Одзивот беше голем, а крводарителите и вработените во Одделението за трансфузиологија, кои што денес беа на терен, ги посети градоначалникот Тони Коњановски.
Тој посочи дека хуманоста на граѓаните во Битола е секогаш на завидно ниво, а истовремено од екипата на трансфузиологија, беше информиран за текот на самата крводарителска акција.
На отворено, на Плоштадот Магнолија, денес се одржа и Пинг-понг на отворено, во организација на пинг-понг клубот „Пелагонија“. Градоначалникот Коњановски изрази особeно задоволство што млади лица сакаат да се занимаваат со овој спорт и да бидат дел од пингпонгарскиот клуб. На обострано задоволство, градоначалникот одигра неколку меча со младите пингпонгари.
Традиционално, во хотелот Премиер, се одржа и Шаховсиот турнир за слепи лица, на кои што голем дел натпреварувачи ги одмерија силите во шаховските вештини.
Сум имала прилика во мојот живот да се радувам на освоен медал, знам што значи радоста кога ќе ви го стават медалот на градите, рече Наташа Петровска, кандидат за градоначалник од СДСМ и коалиционите партнери. Тоа, на прес конференцијата го потврди покажувајќи го личниот медал што го добила на државно првенство во пинг –понг.