2win800x200

Канализациона мрежа со пречистителна станица ќе се гради во селото Добрушево, Општина Могила.

Министерството за животна средина и Општина Могила потпишаа договор за доделување на средства  за проектот „Канализациона мрежа со пречистителна станица“ со вкупна вредност од  6 896 865 денари.

Ново, изградено од темел монтажно училиште добија учениците во селото Ношпал, Општина Могила. Во ОУ „Браќа Миладиновци“ во селото Ношпал  се школуваат околу дваесеттина ученици од прво до петто одделение.

Градоначалничката на Општина Могила , Јасмина Гулевска со својот тим  денеска во посебен новогодишен амбиент им подели шестотини новогодишни пакетчиња на децата од својата општина, за што од буџетот  беа издвоени околу 600 евра.  

Обезбедено е новогодишно пакетче за секој ученик од основните училишта како и за децата од Ран детски развој. Поделени се пакетчиња и во Ресурсниот центар за слепи лица како и за децата со посебни потреби од здружението „Емануел плус“.

-Еден Дедо Мраз(вработен во ЈКП Пела Хигиена ),една новогодишна куќарка исцртана од пожарникар и наставник по ликовно образование и 600 деца од цела општина со подарок во раце.
И со малку финансии, а со многу имагинација,креативност и љубов,можеме се! , порача градоначалничката на Општина Могила, Јасмина Гулевска.48414679 219980675584676 2349642514467651584 n

Вандали ноќеска со прегорено масло ја испрскале фасадата на подрачното основното училиште „Кочо Рацин“ во селото Беранци, Општина Могила. Со прегорено масло од трактор испрскана е влезната врата и влезните скали како и голема површина од фасадата. Градоначалничката на Општина Могила Јасмина Гулевска го осудува ваквиот вандализам и бара од полицијата да се откријат и казнат сторителите . Настанот е пријавен во СВР-Битола по што се очекува да се изврши увид на лице место.received 371594973590796

Во истовреме градоначалничката Гулевска , е револтирана што исто така синоќа во населеното место Могила вандали ги искршиле реквизитите и урабаната опрема во паркот „Димче Могилчето“ , така што крлешките ги откорнале и од бетонот.

Жителите на Могила велат дека е потребно поголемо присуство на полицијата на терен, за да не доаѓа до вакви настани.

Општината изгради и ново монтажно училиште во село Ношпал, каде токму денеска се става нова врата, па од локалната власт прашуваат на кого му пречи развојот на општината и изградбата на училиштата во селските средини.

 

Ова не е првпат вандали да дивеат низ Могила. Во изминатиот период, непознати лица во неколку наврати потпалуваа штали, бали и добиточна храна и уништуваа ниви. За десет месеци изгореа околу 5.000 бали сено, слама и луцерка и над 1.000 килограми собран тутун, a земјоделски производи се уништени и по нивите. Беа запалени шталата и плевната на лице вработено во спортската сала во Могила, сламата во сопственост на Општина Могила наменета за пелети за загревање на општинската зграда и на школото во Беранци, сеното и сламата во сопственост на семејството на градоначалничката, а беа уништени и ниви со тутун на советник од Општината и на лице вработено на стадионот. Досега, јавноста не е информирана дека се откриени пироманите и уништувачите.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани