АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалничката на Општина Могила , Јасмина Гулевска со својот тим денеска во посебен новогодишен амбиент им подели шестотини новогодишни пакетчиња на децата од својата општина, за што од буџетот беа издвоени околу 600 евра.
Обезбедено е новогодишно пакетче за секој ученик од основните училишта како и за децата од Ран детски развој. Поделени се пакетчиња и во Ресурсниот центар за слепи лица како и за децата со посебни потреби од здружението „Емануел плус“.
-Еден Дедо Мраз(вработен во ЈКП Пела Хигиена ),една новогодишна куќарка исцртана од пожарникар и наставник по ликовно образование и 600 деца од цела општина со подарок во раце.
И со малку финансии, а со многу имагинација,креативност и љубов,можеме се! , порача градоначалничката на Општина Могила, Јасмина Гулевска.