АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола го одбележа Први октомври- Меѓународниот ден на старите лица со донација на над шеесеттина наслови во Приватната установа за социјална заштита на стари лица- Дом Софија.
Книгите ги предаде директорот на НУУБ„ Св. Климент Охридски“- Битола м-р Бојан Стефановски при што истакна:„ Ајде да ги поттикнеме нашите деца, нашите блиски, општествено одговорните приватни компании, образовните институции и сите други да почнеме да се грижиме за старите лица, и тоа како што би сакале да се грижат за нас кога ќе ги надраснеме нивните години. Јас знам дека сите заедно можеме повеќе, и како граѓани и како институции!”
На овој настан присуствуваше и писателката Славица Гаџова Свидерски која им прочита неколку нејзини поеми. Библиотекарите во секое време се стремат да остварат прекрасни работилници па заедно со писателката и тие им прочитаа прекрасен расказ за тоа колку може да се научи од возрасните. Низ пријатен разговор се запознавме со корисниците на установата, кои се прекрасни личности од кои може многу да се слушни за животот и да се научи. Им посакуваме уште многу заеднички дружења и во иднина да ни останат со добро здравје.
23 Април е Светски ден на книгата и авторските права, по тој повод денес директорот на НУУБ„Св. Климент Охридски„ - Битола, м-р Бојан Стефановски на битолчанки им подари книга и цвеќе и им ги честита претстојните велигденски празници посакувајќи им многу здравје и среќа.