АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
-Кога неправдата и партизацијата стануваат правила на однесување , отпорот станува должност. Токму заради тој ОТПОР, денес од оние кои така се однесуваат беше побарано мое разрешување од позицијата Претседател на Совет на Општина Битола, напиша на ФБ претседателката на Советот, Габриела Илиевска
Советот функционира беспрекорно во полн состав и капацитет, за што заслуга имаат советниците од сите советнички групи без разлика на политичката опција која ја претставуваат.
Советот ги носи сите одлуки кои се во негова надлежност, како на седници, така и преку работата на своите комисии и тела.
Но, проблемот се појавува кога Градоначалникот и неговата екипа, се обидуваат да изигруваат Совет и да наметнуваат свои желби и амбиции преку Советот, на моменти прават обиди да го заобиколат Советот, за на крај откако Советот им даде јасно до знаење во многу наврати, дека ваквото однесување е недозволиво и неприфатливо, да се обидат целата вина за нивната неспособност да раководат со Општина Битола да ја префрлат врз Советот.
Затоа, од оваа говорница која се наоѓа токму во зградата на Советот на Општина Битола, јавно, јасно и гласно го повикувам Градоначалникот Тони Коњановски да почне да се занимава со завршување на работите за кои е дебело платен од Битолчани, а од пред некој ден дури и со 78% проценти повеќе, да си ја задолжи екипата во администрацијата во општината да изработи и да предложи ребаланс на буџет до Советот на Општина Битола, за да не ги закочи и закотви сите процеси во градот.
Откако ќе се обиде да го стори ова, да престани да се жали по прес-конференции и јавни обраќања, дека советот не му одобрил средства, бидејќи за да има средства кои тој толку ревносно ги бара, тој е фигурата која треба да предложи ребаланс !
Ама изгледа дека Градоначалникот иако е изгласан од битолчани, повеќе се грижи за состојбите во другите општини, бидејќи последниот период го гледаме дека таму “решава” проблеми, најверојатно одработувајќи некаква партиска агенда, додека Битола го чека да проработи.
Посебно задоволство ми е да истакнам дека сите одлуки кои се однесуваат за реализација на проекти за Битола, Советот ги има донесено навремено и одговорно од кои најголемиот дел се донесени ЕДНОГЛАСНО. Не постои ниту една закочена одлука во Советот, која е во интерес на градот !
Апелирам, во продолжение, да си ги “прибери”директорите на јавните претпријатија, па место да држат прес-конференции и да прават Фејсбук маркетинг, нека потрошат од платеното време од граѓаните на Битола за да сработат се она за што се платени, бидејќи сите Ние гледаме како се работи и колку се работи. Ви порачувам, фатете се за работа, немаме потреба да Ни читате партиски памфлети и голи соопштенија, сработеното секогаш се гледа на дело !
На крај, Советот на Општина Битола, ниту досега блокирал, ниту отсега ќе блокира добри проекти и одлуки за градот, а тоа значи само едно: дека и покрај слабиот градоначалник Битола има силен, одговорен и разумен совет, рече Габриела Илиевска од Поинаку, претседателка на Совет, на денешаната прес конференција.