2win800x200

Гаврил Трајковски, советник од Левица, го праша градоначалникот Тони  Коњановски, до каде е реализацијата на одлуките донесени во Советот по иницијатива на Левица

Од касата на Општина Битола во период од 03.12.2021 до 14.07.2022, „Стентон градба“ ДОО с.Долно Оризари, Битола има наплатено вртоглави 72,620,609 денари односно 1,190,501 евра.

ДПМНЕ во текот на кампањата заедно со градоначалникот Коњановски секојдневно објавуваа како “Стентон Градба“ е фирмата зад која се крие нивниот опонент Кондовски, објавија од Лавица на нивната ФБ страница.

„Денес гледаме како истата таа фирма си присвои 1,190,501 евра граѓански пари на битолчани. Речиси секој поголем зафат во општината го наплаќа истата фирма, само во 2022 година оваа фирма учествувала во неколку изградби и реконструкции на улици и тоа:

-Реконструкција на канал во АРМ,

-Изградба на улици, патишта и автопати - дел од ул.„Крушевска Република“,

-Реконструкција/Рехабилитација на улици, патишта и автопати Ул.Македонска Фаланга,

-Реконструкција на капацитети во енергетиката-ул.„Булевар 1-ви Мај“ –десна страна,

-Реконструкција на локален пат за с.Брусник,

-Реконструкција на коловоз на ул.„7-ми Јули“,

-Санација на тротоари и улици со бехатон,

-Девијација на коловозот на мостот на р.Драгор на ул.„Довлеџик“’, пишува во објавата.

Понатаму додаваат: Иако изминатите денови ДПМНЕ имаше негативен став за оваа фирма и посочуваше како само една фирма се јавувала на тендерот за одронот на патот Миладиновци-Штип вистината е таа, шемата која Талески ја разработи Коњановски ја усовршува, континуитетот на „Стентон Градба“ не престанува! 

Секако нивниот коалиционен партнер кој се бори за поинаква Битола не сака да го расипи овој континуитет па затоа мудро молчи за ваквиот одлив на средства од општинската каса.

Кога станува збор за пари „Поинаку“ секогаш премолчува и нема никаква реакција додека нивниот коалиционен партнер ДПМНЕ го топи салдото од буџетот на Општина Битола.

Претседателката во повеќе наврати ја видовме како ја извршува агендата на Коњановски додека реални проекти и иницијативи од вистинско значење за градот и битолчани не ги става на Дневен ред, обвинија од Левица.

Локалниот огранок на Левица во Битола за вечерва во 18 часот пред Полициската станица во Битола повикува на протест за ослободување на Ламбе Алабаковски!

„Бараме отфрлање на кривичната пријава поднесена против Ламбе Алабаковски.

Бараме итно процесуирање на кривичната пријава на Левица против претседателот на клубот „Ванчо Михајлов”, поради излагање на подбив на македонскиот народ и предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа.

Бараме Министерството за надворешни работи да врачи протестна нота на бугарскиот амбасадор во Република Македонија, поради континуирано негирање на македонскиот народ, кое кулминираше со отворањето на клуб во чест на крвникот на македонската кауза, Ванчо Михајлов.

Ја повикуваме целокупната здраворазумна јавност, Битолчани и Битолчанки, кои се гордеат со антифашистичкото минато на градот на Стив Наумов, да покажат дека Битола е град на антифашизмот“пишува во објавата на Левица

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани