АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Делегација од Косово беше во работна посета на Јавното претпријатие „Стрежево“ во Битола. Во делегацијата имаше претставник од министерството за земјоделие на Косово, директорите на хидро системите Ибер - Лепенец и Радоњичи - Дукаџини и регионални преставници на Светска банка.
„Целта на нивната посета на Хидро системот ‘Стрежево’ е размена на работни искуства и стекнување на знаења за функционирањето на динамичката регулација, деталната цевководна мрежа, повеќе наменското искористување на водата ( наводнување, производство на електрична енергија, одгледување на пастрмка) и примена на наши искуства кај нивните хидро системи“, рече директорот Менде Граматковски.
Санирано е свлечиштето над зафат Г-0, поврзан е Главниот канал за вода и поврзан е цевководот за РЕК Битола, информираат од ЈП „Стрежево“ Битола .
-Приоритетот кој беше даден во Август 2017 е остварен. По една година се санира свлечиштето над село Драгарино, поврзана е новата зафатна градба на Главниот доводен канал и поврзан е цевководот за РЕК Битола. Се испорачува технолошка вода со максимален проток до сите водокорисници на ЈП „Стрежево“,информира Менде Граматковски директор на ЈП„Стрежево“.
Големо свлечиште се појави во февруари 2015 година, и сериозно го оштети главниот канал за довод на вода и цевководот од кој со технолошка вода се снабдуваат РЕК Битола и индустриската зона. Станува збор за дел на системот кој е од стратешко значење, па затоа беше потребно ангажирање на сите стручни служби од претпријатието и експерти од Градежниот факултет во Скопје.
Јавното претпријатие „Стрежево“ ги известува сите индивидуални корисници на вода за наводнување од системот на ЈП „Стрежево“- Битола дека поради настанатите временски услови, рокот за склучување на Договорите за снабдување со вода за наводнување за сезоната 2018 година, се пролонгира до 20.07.2018 година.
Потпишувањето на Договорите ќе се врши во Дирекцијата на Претпријатието- Службата за наплата, почнувајќи од 07,30 часот до 15,30 часот секој работен ден.
Концесионерот на ресторанот во комплексот „Довлеџик“ не ги плаќал редовно месечните закупнини, поради што ЈП „Стрежево “ од Битола го раскина договорот кој бил потпишан со претходното раководство за период од 10 години.