АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Го пренесуваме интергрално обраќањето на Коњановски пред утрешната седница на Совет
„Наместо со популизам, потребно е со одговорност и работа, да покажеме дека и градоначалникот и Советот имаат една цел: Граѓаните да бидат на прво место, во поубава Битола која ќе напредува. Тоа значи: решавање на проблемот со бездомните животни, нови и опремени паркови, поддршка за лицата со ретки болести, спортски напредок, подобра инфраструктура, субвенции за сите. Тоа и сакаме да го постигнеме со предложениот ребаланс на буџетот, за кој советниците од опозицијата, деновиве со лажни тврдења, сакаат да ја манипулираат јавноста.
Проектите се на граѓаните и тие мора да ја знаат вистината: како се вложуваат нивните пари.
Советничкиот надомест не се средства за партиски напредок на поединци, туку средства за сработеното од претставниците на граѓаните, за реализација на нови и продолжување на започнатите проекти, за што континуирано се залагам јас како градоначалник со голема поддршка од општинската администрација.
Општина Битола, ја продолжува развојната визија, која ја најавивме уште во декември и во согласност со што работиме, повеќе од половина година. Развојот подразбира и измени и дополнувања според потребите кои произлегуваат во процесот на работа, токму поради што и предложениот ребаланс за утрешната седница, соодветствува на развојната компонента. На денешната прес конференција, сакам да потенцирам два важни сегменти, поврзани со работата на локалната самоуправа и ребалансот на буџетот за кој советниците на СДСМ најавија дека нема да дадат поддршка:
Првиот, кој е од голема важност и се однесува на изградбата на прифатилиштето и решавањето на проблемот со бездомните животни, а вториот сегмент се однесува на проекти од витална инфраструктурна, економска, социјална и спортска важност, со чие неподдржување во ребалансот на буџетот, би се наштетило на многу области и делови од целата општина.
Додека трае имплементацијата на временото решение на проблемот со кучињата скитници, преку нивно заловување и соодветен третман, подготвувајќи се за стартување со работа на надворешниот дел на прифатилиштето кое го градиме, направивме финансиска и функционална анализа на постапките кои претстојат, за да може за многу кусо време да го решиме долгогодишниот загрижувачки проблем со кучињата скитници.
Надворешниот дел од прифатилиштето очекувам да почне со работа, најдоцна до месец октомври, што секако зависи и од експедитивноста и на неколку државни институции. Тука мислам на систематизацијата на работни места во ЈП Комуналец, каде во делот на шинтерската служба, ќе бидат потребни измени и дополнувања, а за што ќе треба да се добие и согласност од Министерството за информатичко општество и администрација. Со тоа, јавното претпријатие, ќе добие кадри кои ќе работат на собирање, транспорт и грижа за бездомните кучиња. Тука сакам да ги повикам, здруженијата за заштита на животните, кога ќе биде објавен огласот за вработување на лица за работа на прифатилиштето, да пријават свои членови на огласот, за да можеме заеднички да продолжиме со работа. Според извршената пресметка, средствата кои ќе бидат потребни за 10 вработени, на годишно ниво, изнесуваат околу 6.000.000 денари.
Паралелно работиме и на постапката за добивање дозвола за работа од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Во прифатилиштето ќе можат да се згрижат околу 50 - 60 кучиња во исто време, од констатираната бројка од околу 500 бездомни кучиња во општина Битола, со што за една година, според експертските анализи, би се намалил бројот на кучиња скитници за 75%. Исто така, многу би се намалила и моментално потребната годишна сума за ветеринарни услуги на оваа бројка кучиња, која изнесува околу 6.500.000 денари, односно околу 300 евра по куче. Намалувањето ќе произлезе од тоа што од економски оператор ќе се користи само ветеринарната услуга, а не и заловувањето, транспортот и чувањето на кучињата.
На овој начин, за многу помалку пари, со финансиски исплатливо решение, ефективно и брзо ќе се реши проблемот со кучињата скитници во Битола, за што секако дека ќе побарам и поддршка од полицијата за зголемени контроли и недозволување на истовар на кучиња од други општини.
Ваквата проценка и започнатите постапки, потврдуваат дека со веќе планираните 5.000.0000 денари за надворешниот дел од прифатилиштето, можеме да делуваме веднаш, а во овој момент не е решение инвестиција на 46.000.000 денари за целосна изградба на внатрешен дел од прифатилиштето, што би значело многу повеќе потрошени средства и уште многу подолг период на чекање, проблеми и опасност за граѓаните.
Затоа, на оваа ставка во развојната програма за оваа година остануваат 5.000.000 денари, а со ребалансот на буџетот, останатите средства од оваа година ги пренасочуваме во програмата за уредување на градежно земјиште, односно реализација на инфраструктурни проекти, капитални расходи и други проекти со висок приоритет, за кои советниците од СДСМ, најавија дека нема да дадат поддршка, односно нема да го поддржат ребалансот на буџетот.
Со тоа, сакам да ја информирам јавноста, дека овие советници, преку прес конференција се изјаснија дека нема да дадат поддршка на средствата планирани за спортот и инвестициите во спортската сала, нема да поддржат финансиски средства за лицата со ретки болести, субвенции за сите апликанти за инвертер клима уреди и уште неколку проекти за кои ќе дадам детално образложение.
Конкретно, советниците од СДСМ, не поддржуваат:
Доколку советниците не го изгласаат ребалансот на буџетот, ги загрозуваат трите професионални клубови, но и останатите спортски иницијативи, индивидуалниот спорт и другите спортски здруженија кои што очекуваат средства до крајот на оваа календарска година.
Лицемерното однесување мора да прекине. Обвинувањата за криминално работење не само што се неосновани, туку се и грубо лажење на јавноста, зошто со неподдршката на ребалансот на буџетот, советниците треба да им одговорат и на:
Сеуште верувам дека и советниците, знаат дека платени од парите на граѓаните, мора да продолжат да работат во интерес на граѓаните и ќе ја променат одлуката, со која ќе потврдат дека интересот им е Битола, а не само напредок на нивната политичка кариера преку популизам на штета на социјалните категории, болните лица, на штета на спортот, туризмот, инфраструктурата.
Затоа, на утрешната седница очекувам целосна поддршка на реабалансот на буџетот.
Читајќи песна од битолскиот поет Панде Манојлов наречена „Душа“, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ја заврши денешната прес конференција на која го обвини како што рече, новото советничко мнозинство за незаконско одржување на седница, донесување на незаконски одлуки за разрешување на управни тела во јавните претпријатија и за иницијативи за разрешување директор за што немаат надлежност, а значат мешање во неговите ингеренции.
Коњановски рече „бидејќи е крај на викендот, би ве замолил за кратко заедно да ја проследиме, ова е многу поучна песна која е добро да се чуе“:
„Душата тежела само 21 грам,
така покажаа испитувањата
од пред стотина години.
Во 21 грам собрано е се,
и љубов и среќа, и добрина и надеж.
Во тие 21 грам не се пресметани
омразта, зависта, гневот и лошотилукот,
За нив нема мерка што ќе ги измери“, прочита Коњановски.
Тој рече дека од неговото доаѓање, како градоначалник на Општина Битола, главен приоритет му е работа и посветеност во работењето, во интерес на Битола како град во интерес на сите битолчани. Во ниту еден момент не помислив дека мојата работа треба да се сведува на собирање политички поени или манипулирање на граѓаните, како што тоа се прави од одредени структури во Советот на општина Битола.
Ребаланс на буџетот мора да има, на тоа веќе работи општинската администрација. Ќе им биде понуден на сите советнички групи, секој да каже свои предлози, тоа не е мој или на ВМРО-ДПМНЕ, туку на сите граѓани и сите треба да учествуваат, па да видиме колку ќе бидат конструктивни сите оние што повикуваат на ребаланс“, рече градоначалникот Тони Коњановски, одговарајќи на новинарски прашања во врска со изјавата на претседателката на Советот, Габриела Илиевска, дека ако недостигаат средства градоначалникот треба да се зафати со работа и да понуди ребаланс на буџетот, а не да се жао по прес конференции.
„Работењето го докажуваат резултатите и сработеното , а во Битола тие се случуваат евидентно. Тоа е реалност преку инфраструктурните проекти кои се работат на 16 локации истовремено и реализација на општинските програми за уредување на градежното земјите, програмата за економски развој која се однесува на проектното планирањее и подготовка на нови проекти, програмите за социјална заштита, спорт, млади и култура. За разлика од мојата работа како градоначалник и посветеноста на општинста администрација веќе неколку месеци сведоци сме на непочитување на законите и манипулации на штета на граѓаните кои произлегуваат токму од претседателката на Советот. Потврда за ова е и 26 седница за која на Илиевска ѝ беше укажано дека погрешила и од министерот за локална самоуправа и од државниот инспекторат. Вториот случај, исто манипулативен, е постапувањето спротивно на Законот за јавни претпријатија, преку покажување лажна загриженост за граѓаните. И таа седнница поради новата коалиција на Илиевска значи нови одолговлекувања на процесот на доцнење на одлуките“, рече Коњановски.
Претходно Илиевска одржа прес конференција на која изјави дека Советот беспрекорно функционира, ништо не е закочено и се поддржуваат проектите што се во интерес на Битола и граѓаните..