АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градежните активности за кои Општина Битола имаше склучено договор со Гранит за изградба на северната трибина на Стадионот „Петар Милошевски“ во Битола се целосно реализирани. Тоа значи дека заврши изградбата на северната трибина, соопшти градоначалникот Тони Коњановски на денешната седница на Совет. (9.11.2022)
„Во тек е реализација на договорот за поставување на сточчиња за седење на трибината, за скоро време целосно ќе се постават. Преку договорот што Општината го има склучено со Фудбалската федерација на Македонија треба да бидат поставени четири главни големи рефлектори што ќе го осветлуваат стадионот и на нив веќе се работи преку поставување на електриката“, рече Коњановски.
Тој посочи дека добро е и Владата да размисли за овој проект кој Општина Битола го реализираше од сопствен буџет и се уште плаќа и да инвестира средства во реконструкција на другата трибина по примерот на Општината како овој објект би добил целосна рамка како што треба да изгледа.
Ајнур Османовски беше прогласен за најдобар дефанзивец на меѓународното првенство што недоамна се одржа во Ниш, Србија во параолимписката игра голбал каде учествуваа репрезентации од Балканот, а Македонија беше претставена со Тимот на слепи лица од Битола. Само неколку ден подоцна овој тим стана државен првак на државаното првенство во Македонија, натпреавурвајќи се со 12 екипи при што не претрпе ни еден пораз. Прваците тренираат во спортската сала во Центарот за социјални работи во Битола која денес беше пуштена во употреба по реновирањето и опремувањето со нова спортска опрема и реквизити.
„Тренирам 21 година и за првпат го добивме ова прво место иако имаме многу освоени втори места и загубени финалиња. Тренираме во оваа сала два пати во неделата. Тренираме пред се оринетација во простор зашто ни се врзани очите и не гледаме ништо. Ја тренираме мускулатура за да имаме подобар шут. Овој спорт за мене е многу значаен, место каде ние слепите можеме да се покажеме во најдобро светло. Ни значи како фудбалот и ракометот“, рече Османовски.
Општина Битола вложи донација во опрема од 111 847 денари за да се подобарат можностите за спортско рекреативни активности за лицата со поречености. „
„Донација во опрема во вредност од 111.847 денари е обезбедена во рамки на проектот „Зајакнување на локалните капацитети за спроведување на Агенда 2030 и принципот Никој да не биде изоставен“ во партнерство со ЗЕЛС. Проектот е имплементиран од НАЛАС - Mрежа на националните асоцијации на локалните власти во Југоисточна Европа и ЗЕЛС, во соработка со GIZ, а во име на Германското Федерално Министерство за економска соработка и развој (BMZ). Во рамките на проектот, општината претходно спроведе повеќе активности, а со оваа донација која се дава на Здружението Сојуз за спорт и рекреација на инвалиди Битола во кое членуваат лица со различна попреченост, се овозможува поддршка на лицата со телесна, визуелна попреченост и потешкотии со слух и говор од аспект на обезбедување на услови за поттикнување и зголемување на нивната физичка и спортска активност, преку обезбедување соодветна опрема за тоа.
Покрај оваа донација, со средства од oпштината од програмата за млади и спорт за 2021 се направи реновирање на Спортската сала (бојадисување, стружење и лакирање на паркетот), со што во оваа сала значително се подобрени условите за лицата со попреченост“, изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.
Реализацијата на овие проекти, кои се заокружуваат во пресрет на Меѓународниот ден на белиот стап – симбол на слепите лица, e во насока на зајакнување на поддршката која ја обезбедува општината за лицата со попреченост, што пак дополнително е изразено и преку програмата за социјална заштита.
Во реновирањето на просториите сопствени средства вложи и советникот Борче Корлевски, кој подолго време им помага на Здружението на слепи лица од Битола.
„Реконструкцијата ги опфати сите сегемнти од тавамнскиот дел, електриката, подот, ѕидовите и останатите делови кои повеќе од три децении не беа реконструирани“, рече Корлевски.
Само во Битола има над илјада лица со попречености кои ќе можат да ја користат реновираната и опремена спортска сала.