АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолчани ќе се вклучат во лов на загадувачи на воздухот во градот, посебно на оние кои палат гуми и пластики, а информациите ќе бидат доставувани до Општинскиот инспекторат за животна средина. Тоа им го озвозможува прокетот „Сликај, постирај, алармирај“ на Регионалното географско друштво „Геосфера“ кое денес потпиша меморандум за соработката со Општина Битола.
ЕЛЕМ започнува со преземање на мерки кои во иднина ќе го намалат загадувањето на животната средина, а на компанијата ќе и ја донесат долгоочекуваната А- интегрирана еколошка дозвола. Во таа насока денес во РЕК се одржа презентација на проект за десулфуризација од страна на експерти од кинеската компанија „JET inc“.
-Во земјава годишно има над 1300 смртни случаи како последица на нездравиот воздух. Од загадувањето имаме зголемен морталитет и морбидитет или заболувања и умирања. Анализите што ги направија експерти од Светска банка, врз основа на еколошки и здравствени податоци издадени од Институтот за јавно здравје, покажуваат дека околу 1350 случаи годишно умираат како резултат на аерозагадувањето, а напоменувам дека Битола е меѓу трите градови каде што е најзагадено.