2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

РЕК се подготвува за десулфуризација

Октомври 26, 2017

ЕЛЕМ започнува со преземање на мерки кои во иднина ќе го намалат загадувањето на животната средина, а на компанијата ќе и ја донесат долгоочекуваната А- интегрирана еколошка дозвола. Во таа насока денес во РЕК се одржа презентација на проект за десулфуризација од страна на експерти од кинеската компанија „JET inc“.

На презентацијата присуствуваше менаџментот на ЕЛЕМ, раководителите од РЕК, пратеници, претставници на локалната самоуправа и невладини здруженија.

Пратеникот Васко Ковачевски, кој беше присустен на средбата, за АПЛА.МК изјави дека во следниот период новата Влада заедно со менаџментот на ЕЛЕМ ќе преземат чекори за десулфуризација на РЕК и за примена на други постапки кои  на комбинатот до 2023 година ќе му ја обезбедат А интергираната еколошка дозвола.

-Со проектот за десулфуризација, редовни ремонти на блоковите, правилно постапување при одлагањето на пепелта, ремонт на електростатските филтри, значително ќе се подобри квалитетот на воздухот и почвата во Битолско. Со овие проекти РЕК ќе добие А- интегрирана елколошка дозвола. Постапката за добивање на оваа дозвола беше покрената во 2007 година и требаше да биде имплементирана до 2012 година. Но, поради економската криза беше одложена до 2017 година. Претходното раководство не успеа тоа да го направи- рече Ковачевски.

Ова се скапи проекти, а пари ќе се обезбедат со одговорно и домаќинско работење во ЕЛЕМ, од државниот буџет и преку европски фондови во вид на грантови или поволни кредити.

- Како претставник на партениците од Битола во Парламентот, во три наврати доставував амандмани со кои барав да се издвојат средства од државниот буџет во 2015, 2016 и 2017 година со цел да започне процесот за десулфуризација на РЕК, но претходната власт го одбиваше тоа до образложение дека нема пари. Десулфуризацијата е многу важен проект зашто преку него ќе се намалат емисиите на сулфурен диоксид и ПМ честичките- рече Ковачевски.

Досега анализи за десулфуризација доставувале и чешки и јапонски компании, а во следниот прериод ќе има и презентации од страна на други експерти. На крај ќе биде избрана најповолната понуда.

На презентацијата не присуствуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски. На средбата беше присустен и претседателот на Советот, Валентин Груевски, како и претставници од здружението „За нас се работи“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани