2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Митрполитот Преспаснко-пелагониски, г. Петар им порача на жителите од ресенското село Јанковец да соберат 50 или 100 илјади евра, дел од парите што се потребни за обнова на црквата во манастирот „Успение на пресвета Богородица“, за да ја спасат шумата. Вели дека манастирската црква  се распаѓа, а манастирот нема пари за нејзина обнова.  Ги обвини  жителите дека досега не ги запреле дрвокрадците кои ја соголиле шумата.  

Деноноќно, со жив штит, жителите на ресенското село  Јанковец ќе ја бранат шумата околу мансатирот „Успение на пресвета Богородица“, доколку  Преспаснко пелагониската епрахија ја оставри својата намера за сеча на 70 хектари стара дабова шума.  Велат дека тоа ќе предизвика еколошка катастрофа,  климатски промени, ерозија на земјиштето, а џаради   конфигурацијата на теренот,  при секој пороен дожд ќе се полавуваат куќите кои се  оддалечани педесетина метри од манасирот. Ја повикаа Преспанско пелагониската епархија да се откаже од оваа намера и да го избегне гневот на мешатаните.

Страница 2 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани