2win800x200

Владиката Петар им порача на јанковчани да соберат пари за обнова на црквата за да ја спасат шумата

Февруари 01, 2018

Митрполитот Преспаснко-пелагониски, г. Петар им порача на жителите од ресенското село Јанковец да соберат 50 или 100 илјади евра, дел од парите што се потребни за обнова на црквата во манастирот „Успение на пресвета Богородица“, за да ја спасат шумата. Вели дека манастирската црква  се распаѓа, а манастирот нема пари за нејзина обнова.  Ги обвини  жителите дека досега не ги запреле дрвокрадците кои ја соголиле шумата.  

-Треба да ја обновиме црквата, затоа што пропаѓа, а  кровот се урива. Манастирот нема други средства. Доколку жителите  обезбедат 50 или 100 илјади  евра за црквата, ние нема да ја сечеме шумата.  Но, шумата е заболена од паразитска болест   и за неколку години ќе се исуши. Инаку досега повеќе од една третина од шумата е исечена од дрвокрадци, а можеби ортак им е некој од селото.   Ако шумата не ја исече манастирот, ќе ја исечат дрвокрадци, па  ќе немаме ниту шума, ниту црква, изјави Владиката Петар.  

Владиката Петар рече  дека станува збор за црковен имот кај манастирот „Усение на пресвета Богородица“  над Јанковец, а  сечата ќе се спроведува законски.  

Му возвратија од иницијаивниот одбор за заштита на манстиркста шума во Јанковец, обвинувајќи го за лаги и манипулации

-Не се точни информациите дека шумата околу манастирот Пресвета Богородица е болна. Тоа за волја на вистината може да биде проверено од експертската јавност и од медиумите. Единствениот мотив по кој што се води Владиката Петар е паричната добивка од над 500.000 евра без да се грижи за далекусежните последици врз Јанковец, Ресен, Болно и Избишта кои ќе ги остави зад себе. Затоа апелираме уште еднаш, Владиката Петар заедно со своите малубројни поддржувачи да ја преиспитаат својата одлука за сеча на шумата и истата да ја поништат во интерес на граѓаните на Јанковец и Преспа, пишуваат од иницијативниот одбор за заштита на манастирската шума во Јанковец. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани