АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Блок 1 на РЕК Битола попладнево околу 15 часот е ставен во функција. Постројката произведува електрична енергија и е синхронизирана со македонскиот електроенергетски систем.
Благодарание на стручноста и ангажманот на вработените во Термоелектраната, за нецели 24 часа санираните се пукнатите цевки заради кои блокот вчера утрото мораше да биде исклучен.
РЕК Битола во моментов работи со два блока. На Блок 3 во тек се завршните зафати за монтажа на новиот трансформатор, по што и оваа постројка ќе биде ставена во функција.
Носечката единицa од трансформаторот за Блок 3 во РЕК Битола пристигна во кругот на комбинатот. Следува фаза на монтирање и процес на пуштање во производство на блокот во следните десетита дена. Со тоа се создава можност во јануари да работат сите три блока во РЕК Битола, како и сите други електрани со максимален капацитет.
Производството на АД ЕСМ во моментот достигнува речиси 19.000MWh дневно и со него се покрива целосно регулираниот пазар, односно домаќинствата и малите потрошувачи, како и најголемиот дел од дополнителните снабдувања по одлуки од Владата. Само мал дел електрична енергија се набавува. Со третиот блок планирано е производството уште повеќе да се зголеми.
Поп-рок хорот „Битвокс“ беше дел од настанот со кој РЕК-Битола го одбележа јубилејниот 40. роденден. Марина Коруновска заедно со Александра Ристовска и Михајло Трајковски и членовите на поп-рок хорот „Битвокс“ ја затворија свечената церемонија со која беше одбележан 40. роденден на РЕК-Битола пеејќи го најпрво хитот од Каролина Гочева „Ајде да летаме“, а потоа и симболично отпејувајќи ги песните „Чудесен свет“, „Stand by me“ и „Aquarius/Let the sunshine“. Хористите беа облечени во црна, сина и зелена боја, со симболика за јагленот (црна), термоелектраните (сина) и обновливите извори на енергија (зелена).