2win800x200

Трансформаторот за РЕК Битола тргна од фабриката во Турција

Ноември 15, 2022

 

 

Новиот трансформатор за Блок 3 во РЕК Битола кој се изработуваше во фабрика во Турција, вчера изутрина тргна со специјален камионски транспорт кон Битола. 

Photos1024 6

400-киловолтниот трансформатор со тежина од 240 тони се пренесува со специјална композиција преку патен транспорт низ Турција, бродски и патен транспорт низ Грција, и патен од преминот Меџитлија до РЕК Битола.

viber image 2022 11 15 12 24 42 856

( фото: Стручни лица од РЕК Битола во надзор на подготовка на транспортот) 

 

 

Композицијата долга 60 метри побарува специјални услови за движење, зајакнување на патната инфраструктура на одредени делови на трасата, посебна сообраќајна регулација и управување со мала брзина. 

Photos1024 5

Транспортот тргна со задоцнување од една седмица од предвидениот рок, поради  подолгото време кое беше потребно да се осигураат сите услови и соодветни дозволи за движење во Р.Грција, кои произлегуваат токму од специфичноста на овој транспорт. 

 

Photos1024 4

Трансформаторот се очекува да пристигне во РЕК Битола на 22 ноември, по што ќе бидат потребни 10-тина дена за да се изврши монтажа на истиот.

Photos1024 5

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани