АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Симболите на Битола, пред сѐ Пелистер и Широк Сокак, традицијата на урбана средина со епитетите „Град на конзулите“ и „Град на клавирите“ како и богатото историско и културно наследство прават Битола да биди посакувана туристичка дестинација, рече Габриела Илиевска, носителката на кандидатската листа за советници во Советот на Општина Битола.
Од тие причини, туризмот мора да биде еден од носечките столбови за економскиот развој на градот кој ќе придонесе Битола да стане економски силна Општина.
Битола има голем потенцијал за развој на туризмот поради својата местоположба, низата природни богатства и културните зданија со кои располага, рече Наташа Петровска, кандидат за градоначалник од СДСМ и коалиционите партнери.