2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Туризмот мора да биде носечки столб за развојот на Битола, најави Илиевска

Октомври 12, 2017

Симболите на Битола, пред сѐ Пелистер и Широк Сокак, традицијата на урбана средина со епитетите „Град на конзулите“ и „Град на клавирите“ како и богатото историско и културно наследство прават Битола да биди посакувана туристичка дестинација, рече  Габриела Илиевска, носителката на кандидатската листа за советници во Советот на Општина Битола.

Од тие причини, туризмот мора да биде еден од носечките столбови за економскиот развој на градот кој ќе придонесе Битола да стане економски силна Општина.

 

Покрај сите природни убавини и културно-историски обележја, покрај неограничениот потенцијал и автентични туристички ресурси, Битола не смее да си го дозволи “луксузот“ да ја нема на туристичката мапа на Македонија, на Балканот. Од интерес на туристичките работници на Битола, на угостителите и на малите стопанственици, на занаетчиите и еснафот, но од интерес и на Општината е на туризмот да му се даде многу поголема важност и улога отколку досега.

Вклопувањето на манифестациите од забавен карактер од типот на „Бела ноќ“, или организирањето „Чкембаријада“ која ќе ги анимира угостителите во припрема и промоција на специјалитети карактеристични за нашето поднебје, се само еден сегмент во збогатувањето на организираната туристичка понуда под “капата“ на Општината и битолскиот еснаф.

-Токму заради тоа, еден од приоритетите на нашата кандидатска листа за советници, е формирање Комисија за туризам во рамките на Советот на Општина Битола. Комисијата ќе има задача да му предложи на членовите на Советот да донесат Одлука за формирање Општински туристички сојуз и туристички инспекторат, отворање туристички инфо центар и продавници за сувенири, рече Илиевска од пред затворената сувенирница спроти Музејот на Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани