АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во организација на Сојузот на пензионерите од Македонија во Центарот за култура во Битола се одржа 20. Регионална ревија на песни, музика и игри. Домаќин беше Здружението на пензионери од Битола чија претседателка на Извршниот одбор, Даница Петличкова, ги поздрави сите присутни гости и публиката и им посака да се чувствуваат најпријатно во градот на конзулите и што поуспешно да ги презентираат своите изведби.
На ревијата настапија неколку пеачки групи од Битола, Демир Хисар, Крушево и Прилеп. Сите се потрудија да презентираат квалитетни изведби , како во пеачката традиција така и во соло изведбите. На крајот на сите им беа доделени благодарници, а најдобрите ќе земат учество на Републичките средби.