Од Министерството за труд и социјална политика сметаат дека барањето за линеарното покачување на пензиите не е решение

Август 06, 2023

Според нив на интензивните средби со пензионерите, на маса се неколку теми за заштита на нивниот животен стандард, отворено се разговара за напорите да се амортизира растот на цените, да се утврди висината на минималната пензија, се разговара за финансиските пакети за поддршка во справување со енергетската и економската криза, како и за воведување на проектот Помош и нега во домот.

Во одговор за Локално оттаму велат дека поради ова и континуираната соработка со Здружението на пензионери, протестите се изненадување. Според Законот за пензиско и инвалидско осигурување нема основ за линеарно усогласување на пензиите, а такво усогласување не постои ни во земјите на нашето опкружување, ниту во пензиските системи на европските земји. Еднократното покачување од 3 500 денари не носи гаранција за стабилен раст на пензиите и сигурност на највозрасните граѓани на нашата земја. Тоа не навраќа во 2014 година, кога редовното законско усогласување беше ставено вон сила и се вршеше линеарно усогласување во фиксен износ од 600 денари еднаш годишно. Во 2015 год., еднаш годишно со фиксен износ од 621 денари и во 2016 год, еднаш годишно со фиксен износ од 654 денари. Овие износи не може да се споредат со заштитата и поддршката што како Влада им ја обезбедуваме на пензионерите изминатиот период, велат од МТСП за „Локално“.

Од таму се децидни дека Методологија за гарантиран постојан раст на пензиите е најреален начин на усогласување на пензиите затоа што ги следи двата клучни индикатори: трошоците за живот и просечната плата.

По зголемувањето од 8,4% во март, моменталната проекција за покачувањето на пензиите во септемрви според Министерството за труд, ќе биде најмалку 6% или вкупно 24 % во периодот од јануари 2022 до септември 2023 година.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани