Бугарски аналитичар не гледа ништо спорно во резолуцијата на американскиот Сенат: „Македонија постои како јазик, идентитет и култура – сега е моментот да се отклучи преговарачкиот процес со ЕУ“

Август 06, 2023
Фото Локално.мк Фото Локално.мк

Во американскиот Сенат е предложена резолуција за славење на македонскиот јазик, култура и историја. Иницијативата ја поднесе Обединетата македонска дијаспора (ОМД). Во неа пишува дека пишува дека од „1880-тите години, десетици илјади Македонци имигрирале во САД барајќи граѓански слободи, човекови права, верски слободи, економски можности и безбедност како одговор на Илинденското востание против Отоманската империја од 1903 година, Балканските војни 1912-1913 година, Првата и Втората светска војна, Граѓанската војна во Грција од 1946–1949 година и комунистичката политика на Југославија“. Проценките се дека македонската дијаспора е главно присутна во Мичиген, Њу Џерси, Њујорк, Охајо, Индијана, Илиноис, Пенсилванија, Флорида, Тексас, Аризона и Калифорнија и дека денес има околу 500.000 граѓани со македонско потекло во САД.

   

Паскал Гонов

И додека во Македонија, ваквиот предлог наиде на позитивни реакции меѓу граѓаните и политичките партии, дел од бугарската јавност ги осудува ваквите активности во американскиот Сенат. Дел од нив бараат бугарскиот претседател Румен Радев да разговара со американскиот Џо Бајден и да го спречи одобрувањето на Резолуцијата. Иако поголем дел од тамошната експертска јавноста не сака да коментира на ваква тема, бидејќи како што велат, ја храни конфронтацијата меѓу двете соседни земји, сепак дел од бугарските аналитичари и експерти со кои поразговара „Локално“ не гледаат ништо спорно во ова бидејќи како што тврди експертот и адвокатот по професија, Паскал Гонов, Македонија како јазик, идентитет и култура постои и не е манифестација на лош вкус за законодавниот орган на која било земја во светот да заземе став за нејзините културни врски со Македонија. Сепак тој прашува кој момент е погоден за ваков еден чин?


Ова е втор ваков обид за вклучување во американскиот Сенат, по првиот неуспешен во 2021 година на бугарско-македонската „Ѓуролтија“. Зошто невладината организација, која е најпозната и најпопуларна организација на македонската емиграција во САД, не е вклучена во оваа иницијатива и зошто месец септември е избран за симбол на македонско-американското наследство, нема информации за овие прашања во медиумите во Бугарија, но можам да претпоставам дека месецот е избран поради националниот празник на Република Северна Македонија, а вистински мотор за донесување на оваа резолуција е владата на нашиот сосед, а не дијаспората. Како што беше со резолуцијата на Бундестагот, оценува Гонов.

Дециден е дека ако бараме решение за добрососедство, сега е моментот за ваква Резолуција бидејќи и Бугарија и Владата на Северна Македонија сакаат да го „отклучат“ преговарачкиот процес со ЕУ и бараат (не би бил изненаден ако одредени работи се прават синхронизирано) начин да се постигне целта – уставни измени и почеток на преговори.

Во оваа насока, доколку се случи сега, овој американски чин ќе ја пренесе тензијата од Скопје во Софија, за во помирна атмосфера да се бара изнаоѓање уставно мнозинство. Ако Бугарија се согласи на ова, веројатно ќе и биде понудено зелено светло за Шенген, а можеби и пад на визите за САД, вели Гонов.

Сепак аналитичарот не е баш убеден дека се ќе оди лесно.

И политичарите преку океанот да го најдат вистинскиот тон во оваа деликатна ситуација, оркестарот на тензии покрај Вардар ќе продолжи да свири „Форте“ и шансите да се скротат тензиите не се големи. Зошто? Затоа што, според мене, диригентот е Србија, која се обидува да преговара со Западот за Косово, а на маса е нејзиното влијание во Македонија. Ова е врската до резолуцијата за Илинден, поднесена од владеачката СДСМ, заклучува Гонов.

 

Резолуцијата поднесена од републиканскиот сенатор Мајк Брон од Индијана, кој е член на комисијата „Пријатели на Македонија и македонските Американци“ во Конгресот на САД. доколку биде изгласана во Сенатот, предвидува месец септември 2023 година да биде прогласен за месец на македонско-американското наследство при што во триесетте дена ќе се слават мајчиниот јазик и културата на македонските Американци и ќе се истакнат клучните придонеси и културно влијание на генерациите Македонци врз САД.

Пред повеќе од еден месец беше донесена важна резолуција во друга држава, поврзана со нашиот народ и идентитет. Германскиот парламент на 15 јуни донесе резолуција за поддршка на европскиот пат на нашата земја, во кој ја признава македонската култура, идентитет и јазик. Во документот се препорачува германската влада да ја повика Бугарија да го поддржи патот на Македонија кон ЕУ во рамките на постигнатиот компромис и да се воздржи од поставување дополнителни услови. Нашата земја е повикана да ја спроведе договорената промена на Уставот и да ги внесе етничките Бугари во земјава. По истиот принцип, при посетата на Македонија од страна на делегацијата на Пратеничката група за пријателство при Собранието на Франција, се спомнуваше дека сличен документ може да биде изгласан и во францускиот парламент, но засега нема официјални информации кога и дали навистина тоа би се случило.

Н.П.

Извор Локално.мк 

Линк https://lokalno.mk/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани