Спасовски: Нашата битка е да ја однесеме Македонија во ЕУ и да се избориме со криминалот и корупцијата

Септември 04, 2023

„Ако во деведесетите години битката на таа генерација била да ја создадат независна Македонија, наша битка е да ја однесеме државата во ЕУ и да се избориме со криминалот и корупцијата“ рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „Клик плус“ на ТВ21.

Тој додаде дека таа битка мора да биде завршена поради иднината на оваа држава и на граѓаните, особено на младите.

„Поради тоа сите механизми мора да бидат искористени. Мора да се води сметка да се применуваат антикорупциските политики во институциите, за да имаат тие кредибилитет да може да работат и да влијаат против коруптивните влијанија и надвор“ рече Спасовски.

Министерот кажа дека неговото министерство има разни модалитети и политики кои даваат резутлати во борбата против корупција во институцијата.

„Јакнењето на внатрешната контрола, надворешната контрола како посебното одделение во ЈО, воведувањето на боди-камерите во сообраќајните оддели и на граничната полиција, тоа се антикорупциски мерки кои покажуваат сериозно намалување на корупцијата“ рече Спасовски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани