АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со европски пари реконструирано е Пациото во Завод и музеј Битола, простор кој е дел од старото воено училиште каде некогаш учел Мустафа Кемал Ататрук, а денес се користи како простор за културни настани. Парите беа извоени од ИПА проект за прекугранична соработка со Албанија, а кофинансираше и Министерството за локална самоуправа.
„Во изминатиот период институцијата изврши реконструктивни зафати во овој дел од објектот каде се поставени нова инсталација, одвод, гранитни плочи и коцки и пристапни рампи за лица со попреченост. Овој простор сега е претворен во лапидариум каде се поставени 15 мермерни скулптури со соодветно оветлување, кои досега не биле презентирани пред јавноста како и споменици од различни временски периоди откриени во Хераклеја и на други наоѓалишта“, рече министерската за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска.
Таа изрази уверување дека во иднина ова ќе биде позитивниот имиџ на негување на европски културни вредности.
„Убедена сум дека со реалзиацијата на овој и на идни проекти ќе произлезе нова енергија на уште поголемо пријателство и добрососедство она што не води кон заеднички европски дом“, рече Костадиновска- Стојчевска.
На свеченоста присуствуваше и евроамбасадорот Дејвид Гир кој рече дека ова е уникатен простор, а ЕУ помогна во зачувувањето на неговата убавина за да може да служи за уште многу уметнички настани.
„Во време на дигитални технологии и се поголемиот наплив на технолошки можности кои на перцептивно ниво ни ја менуваат реалноста, навистина е тешко да го најдеме вистинскиот начин како да го доближеме минатото до денешните генерации. Ова денес е реализација на еден сон кој го сонувале многу мои колеги, граѓани, а тоа е да го видиме Пациото со ново руво, реконструирано, средено, соодветно осветлено во кое упеваме преку поставениот лапидариум да ги поврземе нашето минато, сегашност и иднината“, рече диркеторката за Завод и Музеј, Мери Стојанова.
Таа посочи дека ова е првата голема инфраструктурна активност која ја реализираа, по што ќе следат други инфраструктурни зафати во делот на музејската зграда и постојаната музејска поставка.