Септемвриските пензии ќе бидат покачени за околу 6 отсто, за две години пораснале за 24%

Септември 08, 2023

Последните податоци покажуваат дека замрзнатите пензии се минато, пишува Бизниспро.

Од јануари минатата година до септември 2023 година кога се очекува новото зголемување, пензиите пораснале за цели 24 проценти.

Новата методологијата за усогласување на пензиите со растот на просечната плата и растот на трошоците за живот обезбедува системско решение за раст на пензиите два пати годишно, кое не зависи од ничија политичка волја.

По рекордното зголемување во март оваа година од 8,4 отсто, веќе од следниот месец пензиите ќе пораснат за околу 6 отсто.

Од 2017 година досега минималната пензија е зголемена за 46 отсто.

Растот на пензиите ќе продолжи систематски и тоа два пати годишно.

https://centar.mk/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани