(ВИДЕО) Интервју со претседателот Пендаровски: Бугарија не може да диктира Европска рамка, наративот на опозицијата е спротивен од македонските државни интереси

Септември 08, 2023

Стратешкиот договор со САД и членството во НАТО се гарант за стабилноста на државата и за регионот во целина, вели претседателот Стево Пендаровски во ексклузивното интервју за „Фронтлајн“ во соработка со ЦИВИЛ Медиа.

Зборувајќи за актуелната политичка состојба во земјата, Пендаровски нагласува дека наративот што за неопходните уставни измени го користи опозицијата е директно спротивeн на македонските стратешки, национални и државни интереси.

Една од најголемите навреди на интелигенцијата на македонскиот граѓанин е кога европската преговарачка рамка ќе ја наречеш „бугарски диктат“, вели Пендаровски во интервјуто за Фронтлајн и ЦИВИЛ Медиа.

Зборувајќи за измените на Кривичниот Законик, Пендаровски вели дека станува збор за минимални интервенции во рамки на Кривичниот законик, пред сè во членот 353 – „Злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во принцип, не верувам дека вие можете со измена на еден член од Кривичниот закон некого како велите да ослободите од одговорност и тој некој да дојде и да направи две третини, тоа е повторно во доменот на научната фантастика, нагласи Пендаровски.

Целото интревју на https://civilmedia.mk/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани