По 20 години за првпат се расчистуваат скандалите на Клиниката за онкологија, на потег е судството

Септември 10, 2023

Со години јавноста тивко зборуваше за скандали поврзани со работата на Клиниката за радиотерапија и онкологија.

Речиси 20 години траат зборувањата дека на Клиниката се правеле малверзации, дека се краделе лекови, цитостатици и се манипулирало со терапиите. 

Тоа од пред неколку месеци со сведоштва се појави во неколку респектабилни медиуми, како дел од сериозни истражувачки стории, поткрепени со докази и документи. 

Таквите написи го активираа алармот во Јавното обвинителство но и во Министерството за внатрешни работи, па на први септември, тимови на крим техника и ЈО влегоа во просториите на Клиниката одземајќи обемна документација и компјутери. 

Со тоа, за првпат по речиси 20 години откако се зборува за состојбите на Онкологија, инситуциите влегоа во расчистување на неправилностите во работењето. 

Сепак, за крајниот исход од истрагата треба да се почека, затоа што се работи за навистина обемен случај, со многу оштетени, со многу сведоци, со обемна документација. 

Дека случајот не може да се реши за една недела, кажа и Ирена Мулачка една од новинарките која го откри овој случај и која во детали е запознаена со случувањата на Клиниката. 

Граѓаните, организирани преку социјалните мрежи одржаа прв, а најавуваат и втор протест за утре, со цел да извршат притисок врз институциите за брзо и ефикасно дејствување. 

Иако на првиот протест постоеја обиди за киднапирање и вулгаризација на протестот, особено од партијата Левица, гневот на огромниот број граѓани е автентиечен и оправдан, па овој пат пред се судството ќе мора да покаже ефективност и ефикасност во работата, за овој случај до крај да биде расчистен.

https://24info.mk/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани