Народот греши секогаш кога популистичките лидери ги разгоруваат страстите!

Септември 10, 2023

Пишува: ДЕСТАН ЈОНУЗИ / FRONTLINE

Во историјата на човештвото имаме многу настани и примери кои докажуваат дека народот често греши и лесно може да се манипулира. Во антиката, приказната за Сократ докажува таква вистина, а низ историјата на човештвото имаме и многу примери кои докажуваат дека мнозинството, поистоветено со народот, лесно греши. Историјата на христијанството е поврзана токму со оваа тема.

Ерусалимците се тие што го чекаат Христа со цвеќиња и ловорики, со песни и ора, а по неколку дена истиот народ му се потсмева и на крајот го распнува. Затоа, мудрите рекоа и повторија дека „мислењето на десет илјади луѓе е безвредно, ако никој од нив не знае ништо за темата – проблемот“ (Маркус Аурелиус).

Денес, човечката совест, шокирана пред варварството, продолжува да прашува: како се случи народот на Гете и Данте, народите кои ја сакаа уметноста, музиката и виното, во историски момент да се постројат зад лудаците, варварите?

Да, народот може да згреши секогаш кога популистичките лидери ги разгоруваат страстите на масите на кои им ветуваат рај, но всушност ги водат во пеколот. Да, народот греши секогаш кога политичката волја ќе ја замени со омраза и огорченост.

Бугарскиот диктат или Француски диктат?

Наследници на идеологијата што ја произведе „студената војна“, кои се и наследници на сериозни нерасчистени корупциски афери и спектакуларни (подмолни) бегства од правдата, моментално се забарикадирани во антизападни сикофани и фрлаат влажни фитили бомби. Овие структури се против НАТО, против поддршката што ја дава државата за Украина, против уставните промени, а со тоа се и против патувањето на Северна Македонија кон Европската Унија.

Дека тврдењата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени се резултат на политичка хистерија, под изговор дека се против бугарскиот „диктат“, во мега интервју за „Фронтлајн“ и „Цивил медиа“ зборуваше и претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, кој е убеден дека единствен начин државата да оди напред без пречки кон ЕУ се уставните измени. Тој изрази разочарување од опозицискиот наратив под предзнак „диктат“, за кои вели дека е навредлив за интелигенцијата на граѓаните.

„Една од најголемите навреди на интелигенцијата на македонскиот граѓанин е кога ќе ја наречеш Европската преговарачка рамка ‘бугарски диктат’ , значи стануваше збор и знаеме сите дека и за време на француското предлог и на крај и формално правно и политички суштински европска преговарачка рамка на ЕУ со земја кандидат – сега Северна Македонија. Навредата е многу поголема и за една од земјите која е наш пријател во целиот овој процес, независно од одредени поинакви размислувања, тоа е Република Франција. Да кажеш дека бугарски диктат e францускиот предлог, тоа значи да ја навредиш целокупната француска дипломатија, бидејќи тоа не е точно. Ако некој мисли дека ова е бугарски диктат, тогаш и дава диспропорционално голема сила на Бугарија, за која знаеме какви ѝ се перформансите во економија, во секоја друга област во однос на ресурси и политички капацитет, да влијае на ниво на Европската унија. И даваш таква моќ на Бугарија дека може да им диктира на другите 26 држави членки, каква да биде преговарачката рамка”, вели претседателот Пендаровски.

„2 во 1“

И „лавовите“ во кафез знаат дека опозицискиот „пазарџија“ Христијан Мицкоски не се грижи за граѓанките и граѓаните, економскиот развој и евроатлантската перспектива. Дека неговото тврдење за бугарските „диктат“ е само алиби за да изнуди ослободување и олеснување на казните на неговите сопартијци со луксузни автомобили, вили и хидроцентрали, кои се обвинети за тешки кривични дела за висок криминал и малверзации со народни пари, пари на граѓанинот на оваа земја, на кој „војводата“ Мицкоски им наметнува „диктат“ на неуспех.

За искреноста и политичката доследност на милионерската опозиција говорат измените во Кривичниот законик и најавите за влегување во текот на оваа недела на законот за амнестија во собраниска процедура.

Истакнувам информација за нашиот читател. За време на посетата на високиот американски функционер во Скопје, Габриел Ескобар, Мицкоски и уште еден функционер на оваа партија, остварија две средби во рок од неколку часа за еден ден, од кои едната беше во присуство и на лидерот на ДУИ – Али Ахмети.

Дали е вистина, господине Мицкоски, дека по неколку часа од вашата средба со господинот Ескобар, според мои извори, повторно сте добиле телефонски повик да се соочите со Али Ахмет и да добиете гаранција од него дека и тој е за промени во Кривичниот законик?

За оваа средба на Мицкоски со Ахмети не беше информирана јавноста! Затоа е доста театар, на народот му е доста од сѐ што правите, криејќи се зад „диктатот“ и ја држите во заложништво народната искреност, како и европската иднина на државата за тесните интереси на ВМРО-ДПМНЕ.

Одвратни се вашите изјави дека сте против измени во Кривичниот законик! Зошто тогаш не гласавте против?

Затоа, повеќе од јасно е дека Мицкоски не се грижи за народот, тој сега се обидува да го искористи проектот за одобрување на уставни измени за услуги против бришење на казните на крадците, главно членови на партијата на Мицкоски.


Текстот е личен став на Авторот.

https://frontline.mk/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани