Топлификација го подготвува теренот за изградба на крак од мрежата кон Партизанска, за секое отстрането дрво ќе насади три нови

Ноември 06, 2023

Денес во населбата Кланица, непосредно до улицата Македонски гемиџии, започнаа подготвителните работи за изградба на кракот од топловодната мрежа кој се протега кон улицата Партизанска.

На оваа локација каде поминуваат цевките од топловодот отстранети се дрвја и нискостеблести грмушки бидејќи не постоеше никаква друга можност за изведување на работите. Дислоцирање на дрвјата со помош на специјализирана машина не беше возможно заради што интервенцијата беше изведена во соработка со ЈП Комуналец. Од Општина Битола добиено е одобрение за расчистување на трасата.

По завршување на градежните работи, ЕСМ Топлификација ќе засади по три нови дрвја за секое едно отстрането, а во соработка со општината ќе биде реализирана и акција за засадување на нови садници на локации одредени од општинските надлежни служби.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани