Директорката и пензионерот НЕОСНОВАНО се жалеле на новинарката Анета Блажевска, одлучи Советот на етика во медиумите на Македонија

Април 07, 2024

Неосновани се жалбите што директорката на Средношколскиот дом од Битола, Елена Спасеновска и пензионерот Менде Петровски ги испратиле до Советот за етика во медумите во Македонија за текстовите што ги објави новинарката Анета Блажевска за нивните службени патувања во Албанија и Србија со службеното возило и за исплатите кон пензионерот Петровски со државни пари откако се пензионирал. 

Советот за етика во медумите на Македонија оценува дека текстовите објавени на порталот Апла.мк  не отстапуваат од професионалните и етичките стандарди во новинарството. Комисијата оценува дека станува збор за приказна со јавен интерес. Се работи за средношколскиот дом „Мирка Гинова“ а во текстовите  транспарентно се наведува изворот - софтверската алатка Отворени финансии на Министерството за финансии, со која се регистрира секоја исплата на јавни пари на правни и физички лица, со што нема сомневање каде оделе парите од Домот.

Директорката Елена Спасеновска и пензионерот Менде Петровски се жалеле за новинарката Блажевска за  нарушување на приватноста и пристрасност, и неурамнотеженост во информирањето.

                                                                                                     ОДЛУКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЖАЛБИ

Комисијата за жалби утврди дека жалбата е НЕОСНОВАНА и дека текстот објавен на порталот Апла.мк на 05.02.2024 со наслов „Директорка на детскиот дом со државни пари плаќала пензионер за советник“ е во согласност со професионалните и етичките стандарди и со него не се прекршени Кодексот на новинарите на Македонија, ниту Насоките за етичко известување на онлајн медиумите.

Елена 1

елена 2

елена 3

 

 

Се отфрла жалбата поднесена и од пензионерот Менде Петровски. 

 

                                                                                    ОДЛУКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЖАЛБИ

Текстот објавен на порталот Апла.мк на 05.02.2024 со наслов „Директорка на детскиот дом со државни пари плаќала пензионер за советник“ е во согласност со професионалните и етичките стандарди и со него не се прекршени Кодексот на новинарите на Македонија, ниту Насоките за етичко известување на онлајн медиумите.

 

Менде 1 

Менде 2

менде 3

 

Се отфрла и жалбата поднесена од Државниот ученички дом „Мирка Гинова“ 

 

                                                                             ОДЛУКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЖАЛБИ

Комисијата за жалби утврди дека жалбата е НЕОСНОВАНА и дека текстот објавен на порталот Апла.мк на 05.02.2024 со наслов „Директорка на детскиот дом со државни пари плаќала пензионер за советник“ е во согласност со професионалните и етичките стандарди и со него не се прекршени Кодексот на новинарите на Македонија, ниту Насоките за етичко известување на онлајн медиумите.

 

државен 1

државен 2

државен 3

 

Објавено од Анета Блажевска 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани