АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Директорката од Средношколкиот дом во Битола, Елена Спасеновска, денеска претпладне физички нападнала вработена во домот пред очите на останатите вработени. Очевидци на настанот од Средношколскиот дом потврдуваат за Апла.мк дека директорката, која е под истрага на Основното јавно обвинителство, ја нападнала физички една од вработените, откако претходно и вербално се конфронтирала.
Директорката е веќе два месеци под истрага на истражителите од Економски криминал при СВР Битола, откако Апла.мк објави за злоупотреби на службената положба.
И претходно пред повеќе од еден месец, Битолската болница пријави дека вработена од Средношколскиот дом се пожалила на малтретирање од претпоставен на работа.
На случајот работи Трудовата инспекција.
За денешниот напад очекуваме официјална потврда од СВР Битола, дали случајот е пријавен и кај нив.