АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
АД ЕСМ и Подружницата РЕК Битола најостро ги демантираат лагите за наводен тендер за набавка на оброци за вработените во РЕК Битола и РЕК Осломеј, искажани на денешната прес конференција на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ. Jавната набавка за оброци за вработените во Подружница РЕК Битола беше распишана на 27 декември 2019 година, а предвидениот износ за оваа намена изнесува 29 милиони денари или 471.544 евра, односно средствата се четири пати пониски од износот со кој ВМРО – ДПМНЕ ја лаже јавноста. На јавната набавка се пријавија пет економски оператори. Нивните понуди во моментов се во фаза на евалуација, односно Комисијата за јавни набавки во РЕК Битола сеуште не донела одлука дали некој од пријавените оператори воопшто ги исполнува условите за да продолжи во следната фаза од јавната набавка. Сепак, доколку во ВМРО – ДПМНЕ го знаат името на фирмата која, како што велат, треба да биде избрана на јавната набавка, ги повикуваме да го објават. Во меѓувреме, во најава не е ниту нов скандал, ниту нов криминал. Во најава единствено е кривична пријава за изнесените лаги од страна на ВМРО – ДПМНЕ.