АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од почетокот на грејната сезона, заклучно со 31 јануари 2020г., новиот енергетски капацитет,когенеративната гасна електрана КОГЕЛ има произведено 14. 000 MWh електрична енергија и 2.622 MWh топлинска енергија.
Од пуштањето во употреба во октомври 2019г до денес, производството во КОГЕЛ се одвива според предвидениот план и во согласност со енергетскиот биланс. Значењето на КОГЕЛ како енергетска постројка особено дојде до израз во јануари годинава, кога во услови на континуирани ниски надворешни температури покажа одлични перформанси и стабилност во производството на електрична и на топлинска енергија, со оглед на тоа што гасните мотори во КОГЕЛ овозможуваат брзо вклучување во работа и брза синхронизација, што е од исклучителна важност за стабилноста на електроенергетскиот систем.
Инаку, преку овој производствен капацитет кој е инкорпориран во подружницата„Енергетика“ со парно греење се снабдуваат околу 3.500 домаќинства, 17 основни и средни училишта и градинки, како и повеќе од 75 правни субјекти од населбите Автокоманда, Железара, Триангла, Маџари и Хиподром. Во подружницата постојано се работи на зголемување на базата на корисници на топлинска енергија, а во иднина се очекува поврзување со новоизградените објекти во населбите Хиподром, Бутел и Чаир.